На дуелот во лигата М16 се сретнаа екипите на КК Вардар и тимот на КК Водно Санс Партизан генерација 2003. Натпреварот се одигра во малата сала “Кале“ во Скопје. Ова беше заостанат натпревар од лигата, и во истиот нашите момци дојдоа до победа.
Црвено-црните момци успеаа да отидат над “100ка“ на оваа средба, победата беше изразена со 17 коша позитива. Вардарци триумфираа со резултат 102-85 на овој дуел од лигата за момци генерација 2003.