По една победа и пораз за вардаровата генерација “2009„ во рамките на денешното коло од детската фудбалска лига. За противници ги имавме екипите на Работнички и Гроздановски.
Вардар (1) успеа да го добие градското дерби со екипата на Рабоотнички, која даде отпор само во првото полувреме кога резултатот беше нерешен 2:2. Во вториот дел избраниците на Зоран Петковски го покажаа сиот свој квалитет и целосно го надиграа противникот, кога успеаа да постигнат дури пет голови, додека Работнички само еден, за конечен триумф од 7:3. Хет-трик на овој дуел постигна Јаков Стојковски, додека два гола беа за Дарин Михајловски. Во листата на стрелци со по еден гол се запишаа и Васко Папаливски и Марко Петровски кои постигнаа по еден гол. Ова беше вкупно седма победа за овој тим во детската лига.
Вардар (2) немаше свој ден и загуби од екипата на Гроздановски, со резултат 1:4. Дилемите за конечниот победник беа решени уште во првото полувреме, кога противникот имаше високо водство од 0:4. Стрелец на единствениот гол за Вардар беше Димитар Ацевски.