Денес во големата сала при С.Ц “Јане Сандански“ во Скопје се доигрува 3.коло во вардаровата “Јуниор“ лига. Утрово првите два натпревари беа во генерацијата родени 2008/2009 кај момците. Победи на истите остварија тимовите на РК Шампион и РК Парт Зографски Вардар.
Скопскиот тим на РК Парт Зографски Вардар дојде до победа во средбата на РК Бисинов Вардар од Велес со резултат 12-11. Најпрвин велешани отворија со 2-0, на тоа тимот од Скопје врати со три гола и ја презема предноста со 2-3. Следеше до крајот на првиот дел период во кој Бисинов беше подобар противник, тие со серија 4-1 на одмор средбата ја однесоа со два позитива 6-4.
Вториот дел започна со по два гола во двете мрежи за почетни 8-6 за Бисинов. Момците од Билјана Пецевска успаа да изедначат на 8-8. Се до финишот постојано на семафорот во големата сала при Спортскиот центар “Јане Сандански“ имаше резултатска симетрија беше 9-9, па 10-10 и на крајот 11-11. Во финишот поуспешен беше тимот на РК Парт Зографски Вардар кој дојде до минимална победа со 12-11. Кај победникот 9 гола дадеТрајче Костов.
Во другата средба РК Шампион Вардар го совлада тимот на РК Кисела Вода Вардар во дуел на две скопски екипи со резултат 11-6. На почетокот момците на РК Шампион имаа доминација па отворија со високи 4-0 на оваа прва утринска средба во С.Ц “Јане Сандански“. Потоа до крајот на првиот дел двата тима погодија по еднаш па на пауза се замина со 5-1.
Вториот дел беше по израмнет во однос на случувањата во првиот период од 12.минути колку што се игра во оваа генерација едно полувреме поради возраста. Најпрвин Шампион ја зголеми предноста на 10-3, а потоа Кисела Вода беше подобар противник на теренот. Тие до крајот на еден гол на ривалот успеаа да вратат со три во неговата мрежа и го ублажија поразот. Шампион триумфираше со резултат 11-6.