Вардар последните четири кола од групната фаза од Лигата на шампионите ќе ги дочека како второпласиран тим, откако во последното 10. коло во Скопје го победи Кјелце со 28-27 (14-11). На оваа средба во поголем дел од дуелот голот на црвено-црните го бранеше Дејан Милосављев кој дуелот го зарши со 11 одбрани. Една од тие се најде во изборот за најубави топ-5 одбрани во последното есенско коло во ЛШ.
Видеото од најдобрите одбрани во ова 10.коло може да го најдете ОВДЕ!