Изминатиот викенд со настап на три најмлади вардарови екипи на Минибаскет фестивалот се затвори есенскиот дел во младинската кошаркарска “Лига Вардар“. Истата ќе продолжи идната година по зимската пауза по отпочнувањето на школската година.
Во малата сала “Кале“ во неделата Вардар одигра три меча, кај најмалите генерација 2010 година се сретнавме со тимот на МВП, во генерација.2009 одигравме дуел со тимот на Ангели, а противник ни беше Дрим Тим во средбата во генерацијата родени 2008 година. На истиот присуствуваше “Дедо Мраз“ младите момци имаа прилика да се дружат со него, да се забавуваат и да добиваат подароци. Ова е втора сезона од големиот проек на црвено-црниот кошаркарски тим.