Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Кристијан Китановски: Задоволен сум од мојот придонес и од резултатите на мојата екипа, со тимски “дух„ и работа успеавме да се избориме за врвот на табелата
Кристијан Китановски: Задоволен сум од мојот придонес и од резултатите на мојата екипа, со тимски “дух„ и работа успеавме да се избориме за врвот на табелата

Кристијан Китановски: Задоволен сум од мојот придонес и од резултатите на мојата екипа, со тимски “дух„ и работа успеавме да се избориме за врвот на табелата

Во следново наше интервју ве запознаваме со еден од голманите во генерацијата на ФК Вардар родени 2002 година (пионерите). Се работи за новото засилување кое на почетокот од сезоната пристигна од екипата на Пелистер и на неколку натпревари се наметна во првиот состав на пионерската екипа на Вардар. Прочитајте го интервјуто со Кристијан Китановски.

1. Како се случи да се занимаваш со фудбал, кој ве потикна на овој спорт и зошто баш на позицијата голман ?

-Фудбал започнав да тренирам пред околу шест години. Желбата да започнам да тренирам фудбал ја добив од мојот татко кој беше голман. На почетокот започнав како играч, но потоа се одлучив да бидам голман исто како мојот татко.

49012482_349324605846208_2609543797436055552_n

2. На колку години започнавте да тренирате, во која фудбалска школа и кој беше првиот тренер кој ве научи на основните голмански вештини ?

-Кога имав десет години започнав да тренирам фудбал. Првиот клуб во кој тренирав е Фудбалската Школа Талент 2010 од Битола, но после една година одлучив да се префрлам во ФК Пелистер. Првиот тренер кој ме научи на основните голмански вештини е тренерот Пеце Коруновски.

3. На почетокот на оваа сезона од Пелистер се пресели во Вардар. Како се случи да дојдеш во Скопје и кој беше иницијатор за овој премин ?

-Последните неколку натпревари од сезоната 2017/18 настапував за пионерите на ФК Пелистер. Последниот натпревар беше од Купот на Македонија против мојот сегашен клуб Вардар. Наредниот ден тренерот од ФК Вардар, Пепи Ѓоргиевски контактираше со мојот татко и му даде предлог да размислиме за трансфер во ФК Вардар. Мојата одлука беше да започнам со школување и тренинг во Скопје. Откако ги доставивме потребните документи јас започнав со летните подготовки.

315

4. Имаше настапи за пионерите на ФК Вардар, посебно во последните есенски кола во кои бевте стартер. Колку си задоволен од твојот придонес и од резултатите на твојата генерација која стана есенски шампион ?

-Во изминатите шест месеци во ФК Вардар работев многу напорно и со помош на мојот тренер Мане Манев успеав да се подготвам физички. Првата шанса ја добив на натпревар од Купот на Македонија кога бранев за младинците и убедливо ја победивме екипата на Трим Љум од Струга. Последните неколку натпревари бев во првиот состав со мојата генерација, пионерите. Максимално ја искористив шансата која што ми ја даде тренерот Игор Кралевски и на крајот од полусезоната успеавме да останиме на врвот на табелата. Во глобала сум задоволен од мојата работа и од резултатите на мојата екипа, затоа што со тимски “дух„ и работа успеавме да се избориме за врвот на табелата.

5.Дали имате некој идол, кој го пратите на натпреварите за својот тим ?

-Мојот идол е шпанскиот голман Давид Де Геа кој брани во Манчестер Јунајтед. Јас постојано ги следам неговите тренинзи на Youtube.

6.Кои се главните фактори според вас, за еден ден да станете врвен голман ?

-За да еден спортист биде успешен пред се тој мора максимално да е посветен на својата работа, тој мора да дава се од себе на тренинзите, но мора да тренира и самостојно. Вториот фактор за успехот е упорноста. Никогаш не треба да се откажуваме бидејќи спортот е исполнет со многу препреки кои мора да ги надминеме.

48424228_1115288465308956_2073779449400131584_n

7. Како беше прифатен од новите соиграчи, дали се прилагодивте во Вардар ?

-Искрено пред да дојдам во ФК Вардар размислував многу негативно за тоа дека нема да бидам прифатен од играчите, дека нема да се прилагодам на градот, но кога дојдов тука се беше поинаку. Играчите во клубот уште од првиот тренинг ме прифатија како играч кој тренирал со нив веќе долго време. Некои од нив дури ми помагаа за да се снајдам низ градот.

8. Какви се условите за работа на Академијата на ФФМ, дали има споредба со терените, каде претходно тренираше ?

-Јас мислам дека Академијата на ФК Вардар ги има најдобрите услови за тренинг во Македонија. Разликата од каде што дојдов е многу голема.

Звонко Ивановски