Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Гевгелија ривал во 1/4-финалето од Купот на Вардар, познати датумите за старт на истиот и во лигата
ЖРК  Гевгелија ривал во 1/4-финалето од Купот на Вардар, познати датумите за старт на истиот и во лигата

ЖРК Гевгелија ривал во 1/4-финалето од Купот на Вардар, познати датумите за старт на истиот и во лигата

Младиот тим на ЖРК Вардар има тешка задача да успее да одбраани бар еден од двата трофеии од изминатата сезона кои ги освоија “галактичките“ црвено-црните девојки.  Куп натпреварите во женска конкуренција ќе се одржат на 23/24 февруари, а црвено-црните дами ќе игра   против  тимот на Гевгелија.

402

Системот  е специфичен за да се дојде до најдобрите четири екипи  за завршниот турнир од  Купот на Македонија. Според планот на 23 и 24 февруари ќе се играат првите средби од Купот во кои ќе се најдат сите клубови. По овие дуели ќе се добијат пет екипи, па затоа две од нив ќе имаат дополнителен натпревар за пласман на  Ф4 турнирот кој ќе се одржи од 17 до 19 мај.

Женската  Супер лига треба да почне на 2/3 март, според планот оваа година  првенството треба да заврши на 25/26 мај. Причината за згуснатиот распоед е тоа што ќе имаме бараж за СП, каде Македонија игра двомеч со Словенија.