Две екипи на ракометниот клуб Вардар утрово заминаа за Белград, каде од утре па се до недела ќе бидат дел од силниот меѓународен турнир “Трофеј Белград„. Тоа се машката и женска пионерска екипа, кои ги сочинуваат играчи родени 2004/05 година. Веќе ви ги претставивме групите и противниците на нашите екипи, како и термините на одигрување натпревари за првиот ден. Познати се и патниците на двете екипи кои ќе ги бранат боите на Вардар на турнирот во Белград:
Пионери: Никола Спасовски, Петар Стојановски, Марјан Гочев, Тадеј Аритонов, Иле Табаков, Кирил Симоновски, Марио Стојановски, Давид Славевски, Христијан Петковски, Андреј Петрушевски, Ѓорѓи Спасовски, Петар Колевски, Александар Стојменов, Матеј Трајановски, Стефан Ристевски, Мартин Сипковски, Мартин Тодороски, Никола Анакиевски.
Тренери: Зоран Петковски и Никола Бисинов.
Пионерки: Бојана Коцева, Борјана Коцева, Мила Крагељ, Бојана Радевска, Ива Ангеловска, Александра Коловска, Андреа Миланова, Мила Пешиќ, Андреа Мирческа, Леа Христоска, Наталија Максимовска, Јана Равојска, Магдалена Тошевска, Јована Трајановска, Вероника Ѓорѓиевска, Зорица Андовска.
Тренери: Анжела Платон и Марија Папуџиева.