Во периодот од 27-29-ти декември, машката и женска пионерска екипа на Вардар ќе бидат дел од 15. издание на новогодишниот ракометен турнир “Трофеј Белград„
Пионерите кои се предводени од Зоран Петковски и Никола Бисинов на турнирот ќе се натпреваруваат во групата Д, во која се наоѓаат уште и екипите на Партизан, Рибница, Вождовац 2012 и Шрам. Учество ќе земат 20 екипи, кои се поделени во четири групи, од по пет екипи. Турнирот го отвараме во четврток со натпревар против екипата на Вождовац, меч кој е закажан да започне од 11:55 часот. До крајот на денот не очекува уште еден дуел, против тимот на Рибница, кој ќе стартува од 14:30 часот. Според правилата на организаторот, екипите кои ќе завршат на првото место во сите четири групи ќе се пласираат во полуфиналето и ќе имаат можност да се борат за големото финале. Второпласираните од сите групи пак ќе разигруваат за пласман од 8-12 место, третопласираните ќе се борат за пласман од 9-12 позиција, четвртопласираните за пласман од 13-15 место, додека последнопласираните во групата ќе се борат за да не завршат како последни на целокупниот турнир.
Пионерките ќе се натппреваруваат на истиот турнир во конкуренција на 19 екипи, три групи ќе бројат пет екипи, додека во една група се сместени четири екипи. Избраничките на Анжела Платон и Марија Папуџиева се дел од групата А во која се и екипите на Крка, ОРК Белград, Браник и Црвена Ѕвезда. Во рамките на првото коло се среќаваме со екипата на Браник, меч закажан за во четврток со почеток од 11:20 часот, додека истиот ден го играме вториот дуел, противник е ОРК Белград, меч кој ќе започне од 14:20 часот. Истите правила за конечен пласман, важат како и во машкиот дел.
Натпреварите во машкиот и женскиот дел ќе се играат во две полувремиња од по 15 минути, со 5 минути одмор помеѓу двата дела. Вардаровите екипи за Белград заминуваат во 08:30 часот од пред С.Ц. Јане Сандански.