Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Вардаровиот стратег Александар Јованчев е најдобар младински тренер во Македонија за 2018 година
Вардаровиот стратег Александар Јованчев е  најдобар младински тренер во Македонија за 2018 година

Вардаровиот стратег Александар Јованчев е најдобар младински тренер во Македонија за 2018 година

Вчера, Македонската кошаркарска федерација  ги додели признанијата на најдобрите во кошарката за годината што изминува. 

Признанието за најдобар тренер за младински категории заврши во рацете на тренерот на Вардар, Александар Јованчев кој го освои признанието во машка конкуренција. Тој заедно со националниот тим до 16 години доби признание за најуспешна репрезентација откако на Европското првенство, дивизија Б, изминатото лето го освои третото место и ја однесе Македонија во кадетска А дивизија.