Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > Атлетика: Завировски по изгубената 2018, се подготвува за враќање на “старите патеки“ во новата година
Атлетика: Завировски по изгубената 2018, се подготвува за враќање на “старите патеки“ во новата година

Атлетика: Завировски по изгубената 2018, се подготвува за враќање на “старите патеки“ во новата година

По долга пауза од шест месеци и неколку не успешни обиди за враќање на тренинг. Поради проблеми со повреда на десното колено кои константно го оневозможуваа, вардарецот, Петре Завировски пред повеќе од месец и половина  започна со лесни тренинзи.

Да потсетиме  во сезоната 2018  атлетичарот на АК Вардар, Завировски имаше само два настапи. Првиот беше на полумаратонот “Трчаме кон целта” на 31.март, тогаш на истиот тој  го освои 9 место со резултат од 1 час и 22 минути и 26 секунди. Додека во мај на најорганирираниот и најмасовниот атлетски настан во земјава “Скопскиот Маратон“ на полумаратонската трка со грч на лицето се повлече по  над истрчани 12 километри  од трката.

Повторно се очекуваат настапи кои ќе носат одличја

Повторно се очекуваат настапи кои ќе носат одличја

Завировски  и покрај ладните температури продолжува со подготовките за 2019 година во која се надеваме ќе има бројни настапи како 2017 и годините прет таа и дека за него “изгубената“ 2018 година повеќе нема да повторни. Повредите го земаа данокот, но тој е млад и перспективен атлетичар со многу “жар“ за нови битки.