Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Осум играчи ќе го претставуваат Вардар на СП, Парондо, Царчев Кокшаров и Периќ во стручниот штаб на Македонија и Русија
Осум играчи ќе го претставуваат Вардар на СП, Парондо, Царчев Кокшаров и Периќ во стручниот штаб на Македонија и Русија

Осум играчи ќе го претставуваат Вардар на СП, Парондо, Царчев Кокшаров и Периќ во стручниот штаб на Македонија и Русија

Во четврток започнува Светското ракометно првенство кое ќе се одигра во Германија и Данска.

Вардар ќе биде застапен со вкупно осум свои играчи, кои ќе ги бранат боите на своите репрезентации на овој мундијал. Стојанче Стоилов и Мартин Поповски ( Македонија), Тимур Дибиров, Глеб Калараш, Данил Шишкарев и Дмитри Кисељев ( Русија), Игор Карачиќ ( Хрватска) и Дејан Милосављев ( Србија). Во стручниот штаб ќе бидат Гарсија Парандо како помошен тренер на Раул Гонзалез, потоа Александар Царчев кој е задолжен за работа со голманите. Спортскиот директор на Вардар, Едуард Кокшаров е главен предводник на Русија, а помош од клупата ќе му биде Дејан Периќ кој работи како тренер на голманите.

Што се однесува до групната фаза на СП, играчите на Вардар ќе играат меѓусебно во две групи. Во рамките на групата А, силите ќе ги одмерат Русија и Србија и тоа уште во првото коло, а натпреварот ќе се одигра во петок. Другото соочување на вардаровите играчи ќе биде во нашата група, каде Македонија е во иста група со селекцијата на Хрватска.

Утре нашите ракометари ќе отпатуваат за Минхен, каде ќе ги играат своите натпревари од групата. Првиот на програмата е во петок, против селекцијата на Јапонија, со почеток од 15:30 часот. Им посакуваме многу среќа најпрво на нашата репрезентација, а потоа и на останатите во кои ќе има играчи на Вардар.