По долга пауза од шест месеци и неколку не успешни обиди за враќање на тренинг. Поради проблеми со повреда на десното колено кои константно го оневозможуваа, вардарецот, Петре Завировски пред повеќе од месец и половина започна со лесни тренинзи.
Да потсетиме во сезоната 2018 атлетичарот на АК Вардар, Завировски имаше само два настапи. Првиот беше на полумаратонот “Трчаме кон целта” на 31.март, тогаш на истиот тој го освои 9 место со резултат од 1 час и 22 минути и 26 секунди. Додека во мај на најорганирираниот и најмасовниот атлетски настан во земјава “Скопскиот Маратон“ на полумаратонската трка со грч на лицето се повлече по над истрчани 12 километри од трката.
Завировски и покрај ладните температури продолжува со подготовките за 2019 година во која се надеваме ќе има бројни настапи како 2017 и годините прет таа и дека за него “изгубената“ 2018 година повеќе нема да повторни. Повредите го земаа данокот, но тој е млад и перспективен атлетичар со многу “жар“ за нови битки.