Федерацијата за боречки спортови на Македонија ги прогласи најдобрите за изминатата 2018 година. Вардаровиот борач, Магомедгаџи Нуров добри признание за најдобар за измината година во Македонија.
Тој на Медеиранските игри се натпреваруваше во категоријата до 97 килограми, на фантастичен начин триумфираше во мечот за титула и со убедливи 11-0 зa 50 секунди го совлада Симоне Јанатони (ИТА). Тогаш дојде до злато, но финале пред финале беше мечот во 1/2 финалната борба каде што Нуров направи пресврт и подвиг победувајќи го Деде (ТУР). На Нуров, клубски тренер му е проф. Љубиша Пешко, личен тренер М. Ибрагимов, а тој тренира во Дагистан, Руска федерација со вардаровиот тренер Гајдар Гајдаров. Нуров исто така одлично се бореше на Европско првенство каде за жал му избега “бронзата“ и заврши петти.
Покрај тоа во уште две категории добивме признанија. Кај дамите младата Марија Неделковска доби признание, апак кај ветераните вардарецот, Иса Фејзула беше одликуван.