Вардар го загуби и четвртиот дуел во Аланија, откако денеска беше поразен од Черно Море со резултат 2:0 (1:0). На овој дуел, Васоски се реши да настапи со млади играчи кои не прикажаа ништо.
Вардар по првиот дел имаше негатива од 1:0. Речиси и да не се закани нашиот тим по голот на противникот во првите 45.минути. Освен еден шут крајно непрецизен на Брдаровски, Вардар се бранеше во текот на сите 45. минути. Да напоменеме дека во почетниот тим освен Брдаровски и голманот Илиќ, сите други играчи беа под 20 години. Черно Море голот за предност го постигна во 37. минута, откако Ндонгала измами двајца наши играчи и не му беше тешко да погоди во спортивниот агол од голот на Илиќ за предност на својот тим.
Во вториот дел не се случуваше ништо позначајно кога беше во прашање нашиот тим. Васоски се реши овој дуел да го одигра со многу млади играчи и без стандардните првотимци освен Брдаровски, па така црвено – црните не створија ниту една посериозна шанса да го загрози голот на противникот. Во 74. минута противникот зголеми и на 2:0. На крај овој резултат беше и конечен.
Вардар за два дена игра нов натпревар, на кој ќе се обиде да стигне до првата победа на овие зимски подготовки.