Не му оди на овој Вардар во Аланија. Иако денеска црвено – црните одиграа добар натпревар, сепак, на крајот повторно беа поразени, овој пат од тимот на Александрија со резултат 3:2. И на овој натпревар, на многу наврати потфрли одбраната на нашиот тим.
По првиот дел Вардар имаше негатива од 1:0. Иако нашиот тим одигра добро прво полувреме, сепак тимот на Александрија замина на пауза со предност. За одбележување во првиот дел беше 36. минута, Лира имаше добра шанса од 20-сетина метри но биеше само високо над голот на противничкиот голман.
Вториот дел започна лошо по тимот на Вардар, со гол на Александрија украинскиот тим дојде до комотна предност од 2:0. По овој гол Вардар тргна поубедливо во нападот, па така Мицевски со глава по една нафрлена топка намали на 1:2 во 53. минута од дуелот. Во 66. минута Вардар успеа да се врати целосно и да постигна нов гол. Брдаровски нафрли одлична топка, а Лира со глава високо скокна и ја смести во долниот десен агол од голманот на противникот за изедначување. Кога се чинеше дека Вардар нема да загуби се случи спротивното. По една одлична акција, противникот во 85. минута дојде до ново водство на овој натпревар 2:3. Вардар до крајот се обидуваше да изедначи, но не успеа во својте намери и го загуби и овој дуел.