Во натпревар од лигата за момци до 16.години, кошаркарскиот клуб Вардар го пречека КК Работнички М16 на свој терен во малата сала “Кале“ во Скопје. Победата на оваа средба ја остварија црвено-црните кошаркарски надежи.
Избраниците на Љубчо Илчевски во текот на цел натпревар покажаа доминација, тие го контролираа резултатот и од четвртина во четвртина ја зголемуваа предноста. Црвено-црниот тим од генерација родени 2004 и помали успеаа да победат со 21 поен предност на вчерашниот дуел. Победата дојде со резултат 86 : 65 на крајот.