Месец февруари ќе биде “пеколен„ за ракометарите на Вардар, кои ќе одиграат три тешки дуели во Лигата на Шампионите и еден во СЕХА-лигата.
Веќе во среда ќе го одиграме првиот меч за оваа година во најголемото ракометно натпреварување, каде гостуваме во Манхајм на екипата на Рајн-Некар. Само десет дена подоцна не очекува уште еден меч во Лигата на Шампионите, кој е прогласен за дерби во 12 коло од најсилната група А, тоа е домашниот натпревар против екипата на Веспрем. На 23 февруари, избраниците на Парондо ќе го одиграат и последниот гостински натпревар во групната фаза, тоа е натпреварот против шампионот на Шведска, тимот на Кристијанштад.
Овој месец ќе го заокружиме со натпревар во СЕХА-лигата, против екипата на ППД Загреб, дуел закажан за на 27. февруари во С.Ц. Јане Сандански. Црвено-црните со евентуална победа ќе го потврдат пласманот на завршниот турнир кој оваа сезона треба да се одигра во Осијек.