Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар и Рајн-Некар во трка со времето, неизвесни настапите на неколку играчи во двата состава
Вардар и Рајн-Некар во трка со времето, неизвесни настапите на неколку играчи во двата состава

Вардар и Рајн-Некар во трка со времето, неизвесни настапите на неколку играчи во двата состава

Во среда продолжуваат натпреварите во Лигата на Шампионите за екипата на РК Вардар. Токму мечот помеѓу Рајн-Некар и Вардар ќе ја отвори 2019 година во најголемото натпреварување.

Во пресрет на овој многу важен дуел за конечниот пласман на табелата и освојувањето на второто место и двете екипи се соочуваат со проблеми поради повредени играчи. Пикерот во редовите на Рајн-Некар, Јеспер Нилсен се повреди на Свветското првенство настапувајќи за селекцијата на Шведска, за која пропушти неколку мечеви на мундијалот, по што беше вратен на лекување во Германија. Тој имаше проблеми со препоните, но последните вести од бундеслигашот се дека има позитивни знаци околу рехабилитацијата и постојат шанси да се најде во составот за дуелот против Вардар. Сепак, вестите не се добри за Стефан Фет кој страда од повреда на колкот, кој исто така ја заработи на мундијалот, настапувајќи за репрезентацијата на Германија. Ова ќе биде голем “хендикеп„ за лавовите на левата бековска позиција, доколку лекарскиот тим не успее да го оспособи за дуелот во среда. Под знак прашалник е играњето и на левото крило, Валур Гудјон Сигурсон кој се повреди пред стартот на Светското првенство, на контролни натпревари за селекцијата на Исланд. Сигурдсон има проблеми со коленото, па се уште не е сигурно дали ќе го видиме во составот.

Со слични проблеми се соочува и нашиот шампион во пресрет на овој важен натпревар и гостувањето во “САП„ арената. Борозан, Фереира и Гедбан се уште тренираат одвоено од екипата, откако имаа операции и период на рехабилитација. Дали Парондо ќе ризикува со некој од нив останува да видиме, но поголеми се шансите да не ги видиме во составот. Од претходно се знае дека и Горбок ќе го пропушти овој и сите останатите три натпревари во групната фаза.

Мечот во среда ќе стартува од 19:оо часот.