Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Триумфално отварање на 2019 за младинките на ЖРК Вардар, висока победа на гостувањето кај РК Кузман, Трпевска “двоцифрена“
Триумфално отварање на 2019 за младинките на ЖРК Вардар, висока победа на гостувањето кај РК Кузман, Трпевска “двоцифрена“

Триумфално отварање на 2019 за младинките на ЖРК Вардар, висока победа на гостувањето кај РК Кузман, Трпевска “двоцифрена“

Во единствената младинската женска лига, овој викенд   на програмата беше првото пролетно односно 10.коло во сезоната 2018/2019. Тимот на ЖРК Вардар денес го одигра првиот меч 2019, ние гостувавме кај тимот на РК Кузман. На мечот одигран во салата “Гоце Делчев“ во скопската населба Илинден со доминантна игра во сите 60.минути оставривме убедлива победа со резултат 15-37 (8-21).

Првиот дел почна со одбрана на Трајкоска, тоа во напад го награди Мирјана Петковска за почетно водство до 0-1. Доминиравме во воведните 4.минути па лесно поведовме и со 0-5 со погодокот на Стефанија Ѓорѓиевска. Во 8.минута при резултат со 0-7, домашната клупа побара минута одмор со цел да ја прекине доминацијата на црвено-црните дами.  На средината од првиот дел водевме со 2-10 по погодокот на Петковска, Мими погоди по една брза контра. Доминиравме и во втората половина од првиот дел, одбраната  на Вардар беше на ниво, нашите голмани беа одлични, во последната минута влеговме со 8-19  на семафорот. Со головите на Трпевска, потоа одбраната на Грујовска на нашиот гол и погодокот на Гроздановска успеавме да заминеме на одмор со резултат 7-21.

w3

Вториот дел го отворивме со погодок на  капитенот Диневска Бојана, ние влеговме одлично и во овој период. Во 35.минута поведовме со 10-25, односно со 15.плус на оваа средба. Одлично одбрани Симона Грујовска, фрли диагонално контра низ цел терен до “брзоногата“ Трпевска Ивона која ја награди одличната асистенција со ефектен погодок. Лесно се справивме со противникот, па на 12.минути до крај поведовме со дваесет гола, 13-33 повторно по контра погоди Трпевска. Следеше пад на нашата концетрација во следните пет минути не погодивме ниту еднаш, домаќинот успеа да врзе два гола и намали на 15-33. “Постот“ со гол за нас го прекина Сара Миновска.  До крајот повторно ние одигравме подобро, успеавме да ги затвориме приодите кон нашиот гол и победувме со 15-37 на средбата.

w

На денешниот натпревар најефикасна кај Вардар беше Трпевска Ивона, таа погоди дури 11.пати и имаше дури 85 % погодени удари, Мирјана Петковска погоди 6 пати, девојката која имаше лош процент на крајот од есента денес имаше перфектна реализација и погоди 100% од упатените удари, Бојана Диневска имаше пет гола, а Стефанија Ѓорѓиевска и Катерина Дамјановска  погодиja по  4 пати.