Вардар загуби во дербито на неделата во Лигата на Шампионите од екипата на Веспрем, но сепак од клубот не заборавија да им се заблагодарат на двајца свои поранешни членови, моментално дел од екипата на Веспрем. Се работи за Арпад Штербик кој три години успешно го чуваше голот на Вардар и за Давид Дејвис поранешниот помошник на Раул Гонзалез кои успеаа со Вардар да ја освојат Европската титула.
Помошникот тренер на клупата на црвено-црните, Билјана Црвенковска им подари дрес на кои пишуваше, “Давид и Арпад фала ви за се“. Вардар никогаш не ги заборава оние кои дале голем придонес и оставиле длабока трага во клубот, па ваков потег е само за поздравување.