Вардар загуби во Тетово денеска со резултат 1:0. Според правилата на фудбалската игра попладнево во Тетово требаше резултатот по 90. минути да биде 1:1, но судиите не му признаа чист погодок на Филип Најдовски во 39. минута од натпреварот.
По првиот дел домаќинот имаше предност од 1:0, иако на полувреме требаше да биде 1:1. Шкендија во првиот дел ја имаше иницијативата, додека пак Вардар својата шанса ја чекаше преку контри и грешки на противниците. Во 17. минута Фазли се обиде со удар од далечина, млако без проблеми за Гачевски. Потоа следуваше добра шанса за нашиот тим, Фелипе одлично го проигра Лира со долга топка, кој не се снајде и го загуби чекорот и не биеше кон голот на Захов. Голот дојде во 22.минута, младиот Имери беше стрелец на голот откако од неколку метри го матираше Гачевски за 1:0. Во 39. минута Вардар беше ограбен! Најдовски со супер удар од 40. метри биеше во пречката, а потоа и во голот, сите ја видоа топката зад грбот на Захов, освен судиите.
На стартот од вториот дел во игра кај нашиот тим влезе Аврамовски на местото на Колевски. Во 51. минута Жуниор имаше супер шанса за гол, биеше одкосо за малку покрај голот на Захов. Потоа во продолжението и Најдовски се обиде со глава по нафрлена топка на Фелипе од корнер, која заврши исто така за малку крај голот. Во 65, минута во игра кај Вардар влезе и Тошевски на местото на Битанг. Во 78.минута во игра влезе и младиот Адем на местото на Најдовски. Вардар бараше начин во финишот да дојде до некој поконкретна шанса за погодок, но Лира беше отсечен од нападот. До крајот на дуелот немаше промени на резултатот.