Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Јуниор лига: Победи за момците на П.Зографски, РК Карпош и РК Урдаревски на отварањето на пролетниот дел
Јуниор лига: Победи за  момците на П.Зографски, РК Карпош и РК Урдаревски на отварањето на пролетниот дел

Јуниор лига: Победи за момците на П.Зографски, РК Карпош и РК Урдаревски на отварањето на пролетниот дел

Денес стартуваше пролетниот дел во ракометната „Јуниор Лига“. Во големата сала на С.Ц. Јане Сандански на програмата беа три натпревари кај генерација 2004/05 и еден меч кај генерација 2008/09, сите во машка конкуренција.

Програмата ја отворија екипите на ОПШ.Кисела Вода и Партение Зографски, натпревар кој им припадна на Партение Зографски со резултат 5:9, ова беше натпревар единствен денес кај генерацијата 2008/09 година. Во текот на целиот меч екипата на Партение имаше предност, започнаа со водство од 0:2, додека на полувреме имаа минимална предност од 2:3.  Победата беше решена во првите четири минути од вториот дел кога екипата на Партение направија серија од 0:3 и зголемија на 2:6. До крајот на мечот ја одржаа оваа разлика и на крајот славеа со резултат 5:9.

s

Првиот меч кај генерацијата родени 2004/05 беше помеѓу екипите на Карпош од Куманово и Филип од Прилеп. Поуспешни беа карпошани кои славеа убедлива победа, изразена со резултат 34:17. Почетокот на мечот навестуваше што ќе се случува на овој дуел. кога тимот на Карпош успеа да поведе со 8:0. На средината на првото полувреме стигна и првиот гол за екипата од Прилеп, за намалување на резултатот. Како течеше првото полувреме се повеќе растеше предноста за екипата на Карпош, која стигна и до двоцифрена предност од 15:5, а во последните минути од првиот дел постигнаа два нови гола и на кратка пауза се замина со водство од 17:5.

Квалитетот беше на страна на Карпош, кој и во второто полувреме го зголемуваше водството и имаше контрола на резултатот. При резултат 20:8, следеше нова серија за избраниците на Миодраг Јовановски од 6:0, за најубедлива позитива на мечот од 26:8. Немаше дилеми за победникот, барем за утеха на Филип-Вардар е дека до крајот на мечот беа рамноправни и избегнаа повисок пораз.

s5

Во втората средба во  генерацијата родени 2004/05, РК Урдаревски триумфираше со тимот на РК Филип Вардар со резултат 23-19. На почетокот беше изедначено тргнаа двата тима со два гола за почетни 2-2.   Потоа скопскиот тим успеваше да наметне игра па на еден гол, на ривалот одговараше со два во мрежата. За предност со 4-8, потоа се играше гол за гол до самиот крај. На пауза заминавме со предност од 10-14 за тимот на Урдаревски Вардар.

Во вториот дел започна со по еден гол за почетни 11-15 на семафорот во “Јане Санднаски“.  Вториот дел изобилуваше со борба на двете страни, свата тима беа блиску еден до друг. До крајот  постигнаа и по идентичен број голови во противничките мрежи, односно по осум. Победата дојде благодарение на четирите гола предност од првиот дел за скопската екипа која триумфираше со 23-19.

a2

РК Карпош Вардар од Куманово  во средбата од   генерацијата родени 2004/05  триумфираше над РК Ангели од Скопје со резултат 35-16.  Најпрвин кумановскиот тим поведе со 2-1, на што со два врзани гола одговори РК Ангели, тие втор пат на оваа средба, а воедно и последен поведоа, 2-3.  Тимот на Ј.Миодраг-Црни влезе во ритам, успеа да наметне темпо и да поведе дури со 12 гола до крјаот на првиот дел. На одмор заминавме со предност за Карпош од 17-5.

Кумановчани имаа доминација и во вториот дел, тие на тргнаа фуриозно со неверојатна серија. Со 10-1 успеаа да се одлепат на 21 гол предност поведувајќи со резултат 27-6.  Во продолжение тимот од Скопје успеаа да се врати во ритам, парираше до крајот во игра гол за гол. Дури успеаа да намали и два гола од негативата која ја имаше претходно. Победата замина за Куманово со резултат 35-16.