Селекторот на Македонската сениорска ракометна репрезентација, Данило Брестовац го објави поширокиот список на ракометари, на кои ќе смета за претстојните два натпревари против селекцијата на Исланд, во рамките на квалификациите за пласман на Европското првенство во 2020 година.
На поширокиот список се најдоа и двајца играчи од редовите на Вардар. Се работи за Стојанче Стоилов и Мартин Поповски. Првиот дуел со Исланд ќе се одигра во Рејкјавик на 10.април, додека Македонија е домаќин на 14.април во С.Ц. Борис Трајковски.