Вардар успеа да добие уште еден тежок натпревар и да се избори за уште едно големо финале во СЕХА-лигата. На Брест Мешков не им помогнаа ниту навивачите, ниту пак на моменти судиите, па ниту ни грубата игра. Вардар имаше повторно на расположен чувар на мрежата, а се е поедноставно и полесно кога Милосављев ќе влезе во посакуваниот ритам. Тој е еден од најзаслужните за пласманот во финалето, со оглед дека имаше дури 15 одбрани.
Погледнето го видеото, Милосављев брани, а Дибиров погодува во брз контра-напад.