Sunday ,24 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар ќе го игра седмото финале во СЕХА-лигата, Карачиќ и Стоилов се единствените кои можат да стигнат до петтиот трофеј
Вардар ќе го игра седмото финале во СЕХА-лигата, Карачиќ и Стоилов се единствените кои можат да стигнат до петтиот трофеј

Вардар ќе го игра седмото финале во СЕХА-лигата, Карачиќ и Стоилов се единствените кои можат да стигнат до петтиот трофеј

Вардар вечерва има можност да испише нова историја и да стигне до нов трофеј во СЕХА-лигата. После победата во полуфиналето против екипата на Брест Мешков, екипата на ППД Загреб е последната пречка до искачување на врвот и во оваа натпреварувачка сезона.

Интересно Вардар го игра дури седмото големо финале во ова натпреварување, само еднаш не ни успеало да се пласираме во финалниот дуел и тоа во 2015 година. Во сите останати сезони црвено-црните се бореа за златниот медал, а дури во четири наврати успеавме да стигнеме до титулата.

Ова сите финалиња на Вардар во СЕХА-лигата:

2011/12 – Вардар – Металург 21-18

2012/13 – Вардар – Загреб  24:25

2013/14 – Вардар – Мешков Брест 29-27

2014/15 – Веспрем – Мешков Брест 32-21

2015/16 – Веспрем – Вардар 28-26

2016/17 – Вардар – Веспрем 26-21

2017/18 – Вардар – ППД Загреб 26-24

2018/19 – Вардар – ППД Загреб

Што се однесува до актуелниот состав на Вардар, само двајца ракометари можат да се пофалат со податокот дека имаат можност да стигнат до својот петти трофеј со Вардар. Тоа се Игор Карачиќ и капитенот, Стојанче Стоилов, единствените кои се дел од тимов во изминативе седум сезони на СЕХА. Ова е последна сезона за Карачиќ кој во новата сезона се сели во екипата на Киелце, па сигурно дека има голема желба и мотив со нов трофеј од ова натпреварување, да се опрости од Вардар. Од друга страна, тренерот Парондо се бори за својата прва титула во СЕХА-лигата, како предводник на црвено-црните.