Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Нуров на “мегдан“ со Гаџиев од Азербејџан во “битката“ за бронза на ЕП
Нуров на “мегдан“ со Гаџиев од Азербејџан во “битката“ за бронза на ЕП

Нуров на “мегдан“ со Гаџиев од Азербејџан во “битката“ за бронза на ЕП

По двете одлични борби и победи, вчера попладе Могамедгаџи Нуров (-97 кг) е поразен во полуфиналето на Европското првенство во борење слободен стил во Букурешт, Романија. Тој се соочи  од големиот фаворит Абдулрашид Салудаев од Русија. Противникот е олимписки шампион, тој го носи ппрекарот “руски тенк“.

Во борбата за бронзата Нуров  се бори со победникот од мечот Нурмагомед Гаџиев од Азербејџан и Генади Чудиновиќ од Германија. Во оваа битка победа обезбеди азербеџанецот кој не е воопшто наеивен ривал. Дуелот е закажан за денес во 18-00 часот.  Во битката за медал вардарецот, Нуров се вмеша откако вчера во првата борба го победи италијанецот Симоне Ијанатони со технички-туш (11-0), Потоа  во четвртфиналето беше подобар од Мураз Мчедлизе од Украина кого го совлада со 5-4 на поени.

Владимир Егоров во репасажот го доби шпанецот Леван Вартанов и со победа  победа до би шанса да се бори за бронзениот медал, против  Андреј Дуков од Романија. Исто така неговиот успех е показател на стратегијата на БК Вардар за македонското борење, која се покажа како исправна.