Денес во просториите на ракометната федерација на Македонија беа извлечени чевртфиналните групи во купот на Македонија. Познати се противниците за двете екипи на Вардар во групите и патот до пласманот на завршниот турнир.
Вардар и оваа сезона е најголем фаворит за одбрана на куп трофејот, а за да стигне најпрво до Ф4 турнирот, треба да ја помине групата во која се наоѓаат уште и екипите на Струга, Прилеп и Металург 2. Дополнително ќе биде одреден домаќинот на оваа група.
Младиот состав на Вардар Јуниор исто така ќе се се натпреварува во четвртфиналната група 1, во која се уште и екипите на Работник, како организатор на групата, како и тимовите на Охрид и Астраион.