Tuesday ,22 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Нема одмор за РК Вардар, утре во Јане Сандански го пречекува Металург
Нема одмор за РК Вардар, утре во Јане Сандански го пречекува Металург

Нема одмор за РК Вардар, утре во Јане Сандански го пречекува Металург

Нема многу одмор за момците на Парондо, веќе утре ги чека дуел од плеј-офот во Супер лигата.  Во овој период помеѓу двата натпревари со Пик Сегед, црвено-црните ќе го одиграат дербито на Македонија. Според распоредот на РФМ, Вардар и Металург својот прв меч ќе го одиграат утре,  29.април ( понеделник) во С.Ц. Јане Сандански со почеток од 12:00 часот.

Вардар успеа да ги добие првите два меча во плеј-офот, откако успеа да ги победи екипите на Пролет и Еурофарм. Од друга страна, Металург доживеа висок пораз на домашен терен од екипата на Еурофарм и значително си го загрози освојувањето на второто место во Македонија, додека успеаа да излезат како победник во дуелите со екипите на Пелистер и Пролет.