Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардар (2) генер. 2009 го победи Грозданоски, дербито на Вардар (1) и Работнички прекинато во вториот дел
Вардар (2) генер. 2009 го победи Грозданоски, дербито на Вардар (1) и Работнички прекинато во вториот дел

Вардар (2) генер. 2009 го победи Грозданоски, дербито на Вардар (1) и Работнички прекинато во вториот дел

Генерацијата на ФК Вардар родени 2009 година денес го одиграа своето коло во детската лига. Вардар (2) успеа да ја совлада екипата на Грозданоски, додека натпреварот на Вардар (1) против Работнички беше прекинат на стартот од второто полувреме, при водство на противникот од 1:2.

Вардар (2) за противник ја имаше екипата на Грозданоски, меч на кој триумфиравме со резултат од 2:1. Избраниците на Илија Колевски успеваат први да го отворат резултатот, откако Павловски нафрли од левата страна, а на вистинското место се најде Давид Колевски кој умешно ја смести топката во мрежата за водство на Вардар од 1:0. Во првото полувреме не видовме други поголеми шанси за погодок, се закани и противничката екипа, кога шутираше крај голот, додека Вардар се обиде преку Андреј Кралевски кој шутираше од голема далечина, но одбрани голманот. До крајот на првиот дел имавме уште една прилика, која остана без реализација.

1 2

Во второто полувреме, екипата на Грозданоски имаше неколку добри прилики за израмнување на резултатот, но одлично бранеше на нашиот гол, Лука Грчевски. Откако направивме три корни беше досуден пенал за Грозданоски, истиот Грчевски го одбрани и спречи израмнување. Повторно во прилика се најде еден од противничките играчи, но на место е Грчевски кој ги истакна своите голмански квалитети. Затоа

3

Вардар успеа да казни и со прекрасен погодок на Максим Павловски, кој од прекин бие силно под пречката од голот на Грозданоски, за зголемување на 2:0. З одбележување се уште и два удари на противникот, кој нашиот голман ги спречи, додека во последните пет минути, противникот постигна почесен гол и намали на 2:1.

Дербито кај оваа генерација меѓу Вардар (1) и Работнички е прекинато на стартот од второто полувреме, откако судијата се реши да отсвири крај, поради довикувања од страна на присутните гледачи и поради незадоволстово на тренерите од неговите судиски одлуки. По првото полувреме, Работнички имаше предност од 1:2. Јаков Стојковски од Вардар ја имаше првата прилика на овој меч, но одбрани голманот, а во прилика се најде и Папалиски, но во последен момент неговиот удар беше блокиран. Откако набрзина направивме три корни беше досуден пенал за противникот, кој успешно го реализираат. Баснарков ја допре топката, но таа сепак заврши во нашата мрежа, за водство од 0:1. После само пет минути, црвено-црните после една добра акција на Михајловски како асистент и Стојковски како реализатор, успеваме да израмниме на 1:1.

5-2

Поради една наша грешка, Работнички повторно поведе со 1:2, додека ние имавме прилика преку Колевски кој бие покрај голот. Во првиот дел, противникот имаше уште една добра прилика за нов гол, но одлично интервенираше Марко Баснарков. Во вториот дел овој меч не го дочека својот крај.

58994414_2186747281372106_2759286745584369664_n 59743477_2186747064705461_5204038450373722112_n