Викендов во Кочани се играше завршниот Ф-4 турнир за кошаркари во категоријата М14. Кошаркарскиот клуб Вардар со своите момци на овој турнир се закити со “бронза“ по вчерашната победа во “малото финале“.
Во дуелот за третто место на државното првенство М14 се сретнавме со екипа на МВП Струмица. На оваа средба доминиравме во целост, постојано имавме водство над ривалот и дојдовме до “бронза“ со 22.поени повеќе на нашето конто. Победата беше остварена со резултат 94 : 72.
Ден претходно во полуфиналето ние се сретнавме со градскиот ривал КК Работнички, црвено-белите се покажаа како подобар противник и обезбедија финале. Вардарци во таа средба беа поразени со резултат 91 : 69.