Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > (СТРИМ) ФК Вардар генер. 2005 денес го игра финалето од купот против Кул Здравје
(СТРИМ) ФК Вардар генер. 2005 денес го игра финалето од купот против Кул Здравје

(СТРИМ) ФК Вардар генер. 2005 денес го игра финалето од купот против Кул Здравје

Генерацијата на ФК Вардар родени 2005 година денес со почеток од 11:00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ го игра големото финале од купот на Македонија, против екипата на Кул Здравје.

Црвено-црните се многу блиску до освојување на титулата и во регионалната-скопска лига, па денес имаат можност да го освојат трофејот и во куп натпреварување. Вардар еднаш оваа сезона го совлада високо Кул, во рамките на лигата, црвено-црните победија со резултат 4:0.

Стрим од дуелот ќе биде пренесуван од фудбалската федерација на Македонија, на линкот, ТУКА. 

Попладнево од 17:00 своето финале против Шкендија на истиов терен, ќе го одигра и генерацијата на Вардар родени 2004 година.