Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > КК Вардар М14 освои “бронза„ на завршниот Ф-4
КК Вардар М14 освои “бронза„ на завршниот Ф-4

КК Вардар М14 освои “бронза„ на завршниот Ф-4

Викендов во Кочани се играше завршниот Ф-4 турнир за кошаркари во категоријата М14. Кошаркарскиот клуб Вардар со своите момци на овој турнир се закити со “бронза“ по вчерашната победа во “малото финале“.

q

Во дуелот за третто место на државното првенство М14 се сретнавме со екипа на МВП Струмица. На оваа средба доминиравме во целост, постојано имавме водство над ривалот и дојдовме до “бронза“ со 22.поени повеќе на нашето конто. Победата беше остварена со резултат  94 : 72.

q3 q4

Ден претходно во полуфиналето ние се сретнавме со градскиот ривал КК Работнички, црвено-белите се покажаа како подобар противник и обезбедија финале. Вардарци во таа средба беа поразени со резултат  91 : 69.