Tuesday ,22 April 2025
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Полуфинале за ФК Вардар генер. 2008
Полуфинале за ФК Вардар генер. 2008

Полуфинале за ФК Вардар генер. 2008

Генерацијата на фудбалскиот клуб Вардар родени 2008 година успеа да обезбеди полуфинале на турнирот „Тракиски Хотелиери„ кој се игра во Бугарија.

Утрово момците на Влатко Колев мораа да поминат два натпревари за да обезбедат пласман во најдобрите четири екипи. Најпрво се сретнавме со екипата на Мињон Перник, која ја победивме убедливо со резултат 4:0. Арти Азизи на овој дуел постигна два гола, додека по еден беа дело на Лука Трпевски и Стефан Бранковски.

Во вториот меч исто така забележавме победа, а за противник ја имавме екипата на Черноморец. Тука исто така бевме подобри и славевме победа со 2:1, со двата погодока на Ненад Дамјаноски.

vardarfans-gener-2008

Во полуфиналето ќе се сретнеме против екипата на Академија Пандев, додека другата полуфинална двојка ја сочинуваат екипите на Левски Софија и Септември.