Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Карачиќ: Нема што да загубиме, се ме потсетува на 2017 година – Стоилов: Барса е фаворит, но се работи за еден меч во кој се е можно
Карачиќ: Нема што да загубиме, се ме потсетува на 2017 година – Стоилов: Барса е фаворит, но се работи за еден меч во кој се е можно

Карачиќ: Нема што да загубиме, се ме потсетува на 2017 година – Стоилов: Барса е фаворит, но се работи за еден меч во кој се е можно

Време е за завршниот ракометен турнир во Келн, на кој четири екипи ќе се борат за Европската титула. Дефинитивно оваа сезона ќе добиеме нов владател, откако екипата на Монпелје не е во можност да го брани трофејот. Вардар против Барселона, како реприза на полуфиналето од пред две години, кога црвено-црните се радуваа, а следниот ден ја освоија и првата историска титула во ЛШ. Како ќе биде денес останува да видиме, нашите играчи фаворитската улога ја препуштаат на Барселона, за која велат дека оваа сезона одигра најдобар ракомет. За Игор Карачиќ ова е последен Ф4 турнир во Келн, како играч на Вардар, кој сигурно посакува со нова Европска титула да се збогува со тимот.

-Сето ова ме потсетува на 2017 година. Дојдовме во Келн без притисок, сакаме на сите да им ги замрсиме сметките. Тоа ни успеа пред две години. Лани дојдовме освојувачки и имавме премногу притисок. Се радувам на овој Ф4. Немаме што да загубиме. Играме според мене со најдобриот тим, не само во Европа, туку и во светот. Сепак, годинава Вардар покажа дека има карактер и срце и дека се враќа од тешки ситуации. Ќе дадеме сè од себе за да ја совладаме Барселона. Ова ни е третта година и имаме поголемо искуството. Секој има 25 проценти шанса за титулата. Ќе дадеме се од себе за да дојдеме до успех, истакна Карачиќ.

vardarfans-stoilov

Иако Барса е фаворит, капитенот Стоилов истакна дека ова е само еден дуел, на кој се е можно.

-Трет пат по ред сме тука. Не сме фаворити туку играме против најголемиот фаворит на годинешниот Ф4, Барселона. Овој тим имаше одлична сезона. Сепак, тука во Келн годинава сите имаат свои шанси. Се работи за еден натпревар, никој не може да знае како ќе отвориме и сè може да се случи на терен, изјави Стоилов.