И оваа година, тренерот на голмани кај петлињата на ФК Вардар, Слободан Мутибариќ ја одржа традиционалната „војна на голмани. Учество земаа вкупно 12 голмани. Андрај Данстак, Дамјан Танески, Максим Краљевски и Стефан Нанчовски поканет од екипата на Форца (2006), Антонио Пишовски, Даниел Исајловски, Јовица Спасовски (2007), Александар Милошевски, Дарко Јовчев (2008), Марко Баснарков, Лука Грчевски (2009), Огнен Божиновски (2011). Се натпреваруваа секој против секого, а победник во дуелите беше голманот, кој ќе постигнеше повеќе голови.