Tuesday ,26 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Ашаданов: Неверојатно е како станавме шампиони и со М12 и М13
Ашаданов: Неверојатно е како станавме шампиони и со М12 и М13

Ашаданов: Неверојатно е како станавме шампиони и со М12 и М13

После двете освоени титули во М12 и М13, тренерот Ашаданов Александар има со што да се гордее. Тој за клубскиот сајт го изрази своето задоволство од постигнатото и даде коменар за овие две црвено-црни младински кошаркарски титули:

“Ова навистина беше неверојатно  за Вардар и за мене како предводник на двете генерации до 12 и до 13 години. Презадоволен сум од односот и пристапот на  децата кон финалните средби. Ако во онаа генерација до 13 години бевме и ја оправдавме фаворитската улога  во генерацијата до 12 години тоа не беше случај, но приредивме изненадување. Игравме доста изедначен натпревар со многу пресврти, но на крајот бевме  смирени и погодивме кога требаше. Им честитам на сите играчи во оваа генерација за пожртвуваноста во одбраната и колективниот пристап во нападот. Во генерацијата до 13 години (играчи родени 2006) веќе втора година по ред го освојуваме државното првенство. Особено ми е драго што  две години презентираме чиста младинска кошарка со агресивна одбрана со многу додавања во нападот. Нешто на што работам постојано, а за нас тренерите нема поголема награда од тоа кога сработеното ќе го видите на терен. Се работи за талентирана и перспективна генерација која тренира речиси секој ден во одлични услови за што морам да се заблагодарам на управата и спортскиот директор Бранко Андриевски кој на овие млади момчиња им обезбеди  термини во спортскиот центар Кале.Со тоа само покажуваме дека првичната и основната цел е да создадеме играчи. Ја користам оваа прилика да му честитам на мојот колега Никола Данев кој со генерацијата до 13  години односно Вардар 1 успеа да го освои третото место со што Вардар на финалниот турнир се закити со два медала. Благодарност и до сите тренери кои присуствуваа и беа дел од стручните штабови на екипите” – изјави тренерот Ашаданов.