Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Преглед на сезоната за двете екипи на РК Вардар, во рамките на младинската машка лига, кои освоија 3.место во своите групи
Преглед на сезоната за двете екипи на РК Вардар, во рамките на младинската машка лига, кои освоија 3.место во своите групи

Преглед на сезоната за двете екипи на РК Вардар, во рамките на младинската машка лига, кои освоија 3.место во своите групи

Во сезоната која измина ракометниот клуб Вардар со две свои екипи се натпреваруваше во младинската машка лига. Тоа беа Вардар Јуниор предводени од Петрушевски и Манасков и Вардар под водство на Будимир и Станковски. И двете не успеаа да се пласираат на завршниот турнир, откако го освоија третото место во своите групи.

Вардар Јуниор беше дел од групата 2, каде одигра вкупно 14 натпревари, на кои имаше скор од 10 победи, 1 нерешен резултат и 3 порази. Постигнавме 462 голови, додека примивме 377 голови. Металург 2 и РШ КЛ-7 беа екипите од нашата група кои обезбедија пласман на завршниот турнир.

vardar-junior1-660x3301-660x330

Ова се сите постигнати резултати за Вардар Јуниор:

1 коло: Вардар Јуниор – Металург 2  28:30

2 коло: Прилеп 2010 - Вардар Јуниор  24:32

3 коло: Вардар Јуниор – Еурофарм Работник  37:18

4 коло: Вардар Јуниор – Пролет  37:32

5 коло: РШ КЛ-7 – Вардар Јуниор  26:20

6 коло: Вардар Јуниор – Бутел  27:24

7 коло: Борец – Вардар Јуниор  32:37

8 коло: Металург 2 – Вардар Јуниор  36:29

9 коло: Вардар Јуниор – Прилеп 2010  43:26

10 коло: Еурофарм Работник - Вардар Јуниор  25:37

11 коло: Пролет 62 – Вардар Јуниор 23:28

12 коло: Вардар Јуниор – КШ КЛ-7  33:33

13 коло: Бутел – Вардар Јуниор  30:35

14 коло: Вардар Јуниор – Борец  39:18

Вардар кој беше многу помлад во оваа лига, кој се натпреваруваше и во кадетската лига, успеа во младинската лига да направи голем успех и на секој меч да им парира на противниците. Одигравме исто така 14 натпревари, на кои остваривме дури 8 победи, а имавме и 6 порази. Напоменавме, игравме со далеку повозрасни екипи, па третото место, веднаш зад екпите на Охрид и Струга, беше голем успех за младите вардарци. Постигнавме 372 голови, додека примивме 354 погодоци.

3s

Сите постигнати резултати за Вардар, во рамките на групата 1 од младинската лига:

1 коло: Работнички – Вардар  33:29

2 коло: Вардар – Охрид 2013  30:31

3 коло: Радовиш – Вардар  19:18

4 коло: Струга – Вардар  28:26

5 коло: Вардар – Јуниор К.В  34:27

6 коло: Металург - Вардар  19:27

7 коло: Вардар – Пелистер  37:25

8 коло: Вардар – Работнички  32:30

9 коло: Охрид 2013 – Вардар  34:23

10 коло: Вардар  – Радовиш  27:25

11 коло: Вардар – Струга  24:20

12 коло: Јуниор К.В. – Вардар 25:23

13 коло: Вардар – Металург  21:20

14 коло: Пелистер - Вардар  18:21