Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Манев не го остава Вардар, потпишува нов договор!!!
Манев не го остава Вардар, потпишува нов договор!!!

Манев не го остава Вардар, потпишува нов договор!!!

Еден од најдобрите дефанзивци во првата македонска фудбалска лига, Коста Манев, по одличната сезона во дресот на Вардар иако имаше неколку квалитетни понуди од странство, посебно од тимот на Вележ кој беше многу загреан да го донесе во својте редови, сепак се одлучи да остане во Скопје и во редовите на Вардар.

Стоперот во овие моменти е во родниот град Радовиш, а во текот на овие неколку дена треба да потпише нов едно – годишен договор со Вардар, за да започне и со тренинзи во базата во Хиподром.

Манев во овој преоден рок покрај од тимот на Вележ, беше интересен и за тимовите на Ренова и Шкендија од Македонија, како и за неколку балкански тимови.

Во новата сезона одново ќе гледаме бедем пред голот на Гачевски, во имињата на Коста Манев и Евгениј Новак. Да не заборавиме дека од позајмица во тимот е вратен и младиот Серафимов, кој ќе треба да го заземе местото на Попов кој си замина од редовите на Вардар.