Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Одбојка > ТРАНСФЕР БОМБА: Симовски една година во Вардар!
ТРАНСФЕР БОМБА: Симовски една година во Вардар!

ТРАНСФЕР БОМБА: Симовски една година во Вардар!

Одбојкарскиот клуб Вардар промовираше две трансфер бомби кои доаѓаат во редовите на  „црвено – црните” да ја освојата титулата во новата сезона, но и да му помогнат на новиoт тим на настапите во Челинџ купот и МЕВЗА лигата.

Јовица Симовски, екс-репрезентативецот на Македонија, по цели 15 години кариера во станство доаѓа во редовите на Вардар како огромно засилување за новата сезона. Симовски потпиша договор во траење од една година.

Покрај него, Вардар го промовираше и Васе Михаилов, исто така репрезентативец на Македонија кој потпиша договор со нашиот тим, а одличниот Ристо Клопчевски ја продолжи верноста кон тимот. Да не заборавите ниту на Лазар Мочиќ од Србија, кој исто така го засили нашиот тим.