ЖОК Вардар ЕМ со полна пареа ги работи зимските подготовки за пролетниот дел, црвено-црните дами започнаа со првиот собир на 11-ти овој месец. Работат на физичката подготовка, веќе на 08/02/2023 ги очекува првиот предизвик, натпреварот во Купот на Република Македонија.
Почетокот на пролетниот дел од првенството во првата лига започнува 10.дена потоа, односно на 18.февруари, во есенскиот дел вардарки беа на 6.позиција на табелата, нивната цел останува иста како и пред почетокот на сезоната-опстанок во првата лига.