Тренерот на ЖРК Вардар, кормиларот на црвено-црните дами, Александра Царчев до денес повторно е дел од македонската женска ракометна репрезентација.
Царчев ќе работи со голманите на Македонија, тој својата прва задача ја имаше утрово на тренингот на селекцијата во Скопје. Овој одличен тренер ќе ја подобри подготвеноста на „чуварите на мрежата“ на црвено-жолтата сениорска репрезентација.