Thursday ,09 February 2023
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Новите засилувања на Вардар ќе дебитираат против Татран Прешов, неизвесен настапот на Јагуриновски
Новите засилувања на Вардар ќе дебитираат против Татран Прешов, неизвесен настапот на Јагуриновски

Новите засилувања на Вардар ќе дебитираат против Татран Прешов, неизвесен настапот на Јагуриновски

Ракометарите на Вардар ги одбработуваат последните тренинзи пред одигрување на првиот натпревар во новата година. Нашиот ракометен Шампион во сабота (28.01) ќе гостува кај екипата на Татран Прешов на натпревар од 1.коло во СЕХА-лигата.

Иако подготвките ги одработивме некомплетни, без играчите кои се дел од СП, истите ќе стават на располагање на тренерот Недановски за натпреварот против шампионот на Словачка.

На овој натпревар ќе дебитираат и новите засилувања, бразилецот, Леонардo Дутра и Михаил Аларов кој пристигна од екипата на Пролет. Томислав Јагуриновски поради скинато мускулно влакно предвреме се врати од СП, и беше на поштеда, но и тоj ќе патува за Словачка.

Екипата за Словачка ќе замине во петок.