Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > ЖКК Вардар совладан од МЗТ во првиот меч во 2023
ЖКК Вардар совладан од МЗТ во првиот меч во 2023

ЖКК Вардар совладан од МЗТ во првиот меч во 2023

Второто коло од вториот круг од натпреварите во Првата лигажени, донесе доста неизвесност, на три од четири одиграни.

И неколку изненадувачки резултати, во преден план, победата на кошаркарките на МЗТ Скопје на гостувањето „Под Кале“ каде беа подобри од Вардар (68:64).

Во голема мерка поради „влијанието“ на странскиот двоец, Џој Симонс-Оливија Ли кои искомбинираа 57, од крајните 68. поени на гостинската екипа.

Во домашната, Славица Наков остана на теренот сите 40.минути, реализираше 26.поени, но и оние 13 кои дојдоа од Симона Деловска не беа доволни за „вардарки“, кои сега заостануваат уште еден чекор зад лидерот Баскет Кам 2011.

Екипата од Македонска Каменица очекувано, славеше со убедливи (91:53) на гостувањето во Кавадарци против Пробаскет. Марија Николов со 25 и Ана Милованова со 23.поени го предводеа лидерот до уште една, деветта по ред победа, Караѓозова дополни со 15, а Димова со 14.поени.

„Двојната програма“ во салата „Независна Македонија“ ја отвори дуелот Бадел 1862-Крива Паланка, кој заврши со минимална победа на бранителот на титулата (78:76). Кејтлин Матие имаше двоен ефект со 23.поени и 11.скока, Димитријевиќ даде 17, Маркоска 15, а Димковска уште 12.поени за домашната екипа. Во гостинската, за издвојување е учинокот на Американката Шамека Мекнил која дојде до 34.поени, дополнети со рекордни десет освоени топки. Михаела Алексовска го заврши мечот со 17.поени, а Глубавичанин со двоен скор од 13.поени и 15.скока.

„Тесен“ беше и резултатот на средбата во која Струга 2009 го победи составот на Гризли со (62:59). Стружанки направија пресврт во второто полувреме во кое анулираа негатива од осум поени која ја имаа на полувремето. Пресудни беа последните две минути во кои високата Модева одигра неколку добри одбрани, што беше од голема помош и во оние офанзивни активности. Особено за Ли, која заврши со 27.поени, и Зендели коај ја следеше со 14. Во екипата на Гризли, Плакај даде 20, Тодевска имаше 16, а Александровска уште 14.поени.

ПРВА „А“ ЛИГА-ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ 9. КОЛО

Пробаскет – Баскет Кам 2011  51:93

Бадел 1862 – Крива Паланка   78:76

Вардар – МЗТ Скопје Аеродром         64:68

Гризли – Струга 2009      59:62

ТАБЕЛА: Баскет Кам 2011 18, Вардар 16, Бадел 1862 14, МЗТ Скопје Аеродром 13, Струга 2009 13, Крива Паланка 13, Гризли 11, Пробаскет 9;

ИДНО КОЛО (28.01)

Крива Паланка – Вардар

Баскет Кам 2011 – Бадел 1862

МЗТ Скопје Аеродром – Гризли

Струга 2009 – Пробаскет