Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Младинките на ЖРК Вардар го освоија третото место во лигата

Младинките на ЖРК Вардар го освоија третото место во лигата

Младинките на ракометниот клуб Вардар го освоија третото место во младинската лига, за ракометарки родени 2000 година. Во лигата се натпреваруваа вкупно 9 екипи, се играше по принципот секој против секого, на домашен и гостински терен. Одигравме вкупно 16 натпревари, на кои остваривме 13 победи, 1 нерешен резултат и 2 порази. Како во најсилната Супер лига, така и во младинска конкренција наши најголеми конкуренти за првото место, беа екипите на Металург кои на крајот и ги обединија трофеите во споменатите натпреварувања, додека тимот на Куманово заврши како второпласиран, иако имавме еднаков број на освоени бодови на крајот од сезоната.

vardar-za-11-sekundi-ispushti-pobeda-protiv-kumanovo-14014

Интересно, единствените два порази беа во последните три кола, кога на гостувањата кај Металург и Куманово бевме поразени и тоа минимално и многу тесно. На домашен терен бевме подобри од Металург кој цела сезона имаше само еден пораз и тоа токму од вардарки, додека со Куманово ги поделивме бодовите.

nikolikj-i-dzhateska-na-spisokot-za-dvomechot-makedonija-slovenija-14804

Во продолжение од текстот, сите резултати за младинките на Вардар: 

1 коло: Вардар – Кузман Вардар Илинден  37:14

2 коло: Стружанка – Вардар  23:30

3 коло: Вардар – Шампион  48:14

4 коло: слободни

5 коло: Вардар -Гевгелија  43:10

6 коло: Лихнид 2012 – Вардар 18:29

7 коло: Вардар – Куманово  27:27

il5

8 коло: Чаир – Вардар  23:39

9 коло: Вардар – Металург  26:22

10 коло: Кузман Вардар Илинден – Вардар  15:39

11 коло: Вардар – Стружанка  35:20

12 коло: Шампион – Вардар  10:40

13 коло: слободни

ubedliva-pobeda-na-vardar-protiv-struzhanka-14573

14 коло: Гевгелија – Вардар  19:36

15 коло: Вардар – Лихнид 2012  39:13

16 коло: Куманово – Вардар  30:29

17 коло: Вардар – Чаир  42:18

18 коло: Металург – Вардар  27:25