Перфектно до сега селекцијата на Македонија го одигра своето во групната фаза на континенталниот собир за играчи до 18 години во рамките на Б дивизијата. На ЕП кое се одржува во романскиот град Орадеа, на 5 меча забележавме 5 победи и се пласиравме во елиминациите со максимален учинок. Покрај црвено-жолтите, единствена друга селекција со ваков ефект е Израел.
Вардарецот, Виктор Ташковски имаше своја улога во групната фаза. Тој настапи речиси на сите дуели, одигра солидно и задоволи. Според распоредот 1/4 финале ќе го одиграме денес, на најголемиот македонски празник, светиот ден Илинден. Наш ривал е селекцијата на Естопнија. Дуелот се игра денес со почеток во 17-30 часот.