Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гедбан: Ме лазат морници кога ќе се присетам на финалето и освојување на пехарот
Гедбан: Ме лазат морници кога ќе се присетам на финалето и освојување на пехарот

Гедбан: Ме лазат морници кога ќе се присетам на финалето и освојување на пехарот

Алжирскиот голман на црвено-црните, Келифа Гедбан ја има  една од најинтересните  приказни на ЕХФ Лигата на шампионите. Тој се до септември не ни очекувал дека ќе игра во Европа, контитентот на кој се игра најдобриот ракомет на светот. Доаѓа понуда од Вардар ја прифаќа, со закаснување во однос на целиот тим пристигнува во Скопје. Се потоа е историја, во првата сезона покрај домашната лига и СЕХА, доаѓа до најважниот пехар за еден ракометар на клубски план, европската клубска круна. Тој за сајтот на ЕХФ зборува за финалето во Келн:

Финалето дефинитивно ми е најдобриот момент во кариерата. На секој ракометар е сон да игра во финалето и да победи против еден од најсилните тимови на светот. Тоа беше неверојатна авантура во Лигата на шампионите. Се уште ме лазат морници кога ќе помислам на тоа како стигнавме до титулата. Си ветивме дека ќе се бориме до самиот крај и да го направиме македонскиот народ горд. Дадовме 1000% од себе во таа прилика.

Околу можноста за одбрана на титулата и она што ги очекува момците во новата сезона, заедно со коментар за својот тренер алжирецот вели:

Ќе биде вистински предизвик повторно да се стигне до финалето и да се освои трофејот. Турнирот секоја година е потежок и подобар затоа што  расте нивото на ракометот. Затоа е интересна и популарна ракометната Лига на шампиониМногу го слушам  и учам Дејан Периќ , има многу што да се научи од него. Една сезона не е доволно да се научи се, затоа се уште сум во Скопје -вели Калифа.