Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > ЕП: Македонија денес на „мегдан“ со Естонија
ЕП: Македонија денес на „мегдан“ со Естонија

ЕП: Македонија денес на „мегдан“ со Естонија

Перфектно до сега селекцијата на Македонија го одигра  своето во групната фаза на континенталниот собир за играчи до 18 години во рамките на Б дивизијата. На ЕП  кое  се одржува во романскиот град Орадеа, на 5 меча  забележавме 5 победи и се пласиравме во елиминациите со  максимален  учинок. Покрај црвено-жолтите, единствена друга селекција со ваков ефект е Израел.

Вардарецот, Виктор Ташковски имаше своја улога во групната фаза. Тој настапи речиси на сите дуели, одигра солидно и задоволи. Според распоредот  1/4 финале  ќе го одиграме денес, на најголемиот македонски празник, светиот ден Илинден.  Наш ривал е селекцијата на Естопнија. Дуелот се игра денес со почеток во 17-30 часот.