Европскиот ракометен шампион денес во 15:55 часот со авион ќе се упати до Загреб, а од таму до Дубровник, од каде со автобус ќе пристигне во Требиње.
Во следните десет дена, црвено-црните ќе се задржат на ова место, каде ќе ги одработат главните подготовки, а ова е прва година во Требиње, откако претходните подготвки ги одработувавме во Крањска Гора.
Новиот тренер, Писонеро ќе има можност да го воигрува тимот, со оглед дека во перидот од 9-11. август ќе го одиграме и првиот контролен турнир, на кој ќе настапат и други пет екипи. Вардар е во група со екипите на Борац од Бања Лука и домашниот тим на Леотар. Во Требиње ќе се работи и на физичката подготовка на тимот, како и со тренинзи во сала.
Во Требиње на тимот ќе се приклучи и Калифа Гедбан, додека шанса да тренира ќе добие и младиот голман, Васил Гогов.