Monday ,07 October 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар првите десет дена ќе работи на кондициони тренинзи и во теретана, во сала по комплетирањето
ЖРК Вардар првите десет дена  ќе работи на кондициони тренинзи и во теретана, во сала по комплетирањето

ЖРК Вардар првите десет дена ќе работи на кондициони тренинзи и во теретана, во сала по комплетирањето

Според планот како што веќе известивме, ЖРК  Вардар ќе ги започне своите подготовки во среда, на 7.август. Тимот нема да биде комплетен бидејќи вчера дури 11 девојки заминаа за Италија каде што ќе бидат дел од ЕХФ Шампионатот за девојки до 17 години. Од 17 македонски кадетски  репрезентативки дури 11 се црвено-црни, останатите идната недела ги започнуваат подготовките за новата сезона.

Ристова и Црвенковска во првите десетина дена девојките ќе ги подготвуваат кондиционо надвор до сала, каде ќе се подигнува физичката издржливост. Покрај ова ќе се работи и во теретана во истиот период. По 17.август дамите ќе влезат во сала каде ќе работат со топка. Тоа се поклопува со враќањето на 11 девојки  од Италија по што тимот ќе биде комплетен и ќе се мине во следната фаза од подготвителниот период за новата сезона 2019/2020 година.